Го создадоа браќата Бакревски, пивски ентузијасти инспирирани од личната љубов кон врвно пиво, иако професиите им се во светот на класичната музика и стоматологијата. Оттука БАК, не е само КРАФТ ПИВО, тоа е и уметност и прецизност во создавање на аромите, вкусовите и стиловите на засега 4-те врсти на пиво. Кога сме кај бројот 4, исто толку основни состојки се потребни за да се направи пиво: хмељ, вода, јачмен и квасец Ние во БАК додаваме уште 2 состојки, а тоа е страст и љубов кон врвно пиво. БАК...пиво направено од ентузијасти, а посветено на хедонисти.